Како да го подготвите автомобилот за зима

Подготовка на автомобил за зима

Да го подготвите автомобилот за зима е мудра одлука, велат авто сервисите. Инвестицијата од еден или два часа за да го проверите вашето возило е сé што ќе ве чини за да бидете мирни преку зимата или да превентирате расипување и скапи поправки во текот на суровата зима. Затоа за вас ја составивме оваа листа со основни работи за подготовка на автомобилот за зима.

  1. Проверете го акумулаторот и системот за полнење на истиот за оптимални перформанси. Студеното време им наштетува на батериите
  2. Сменете го антифризот во системеот за ладење. По правило течноста за ладење треба да се менува на две години.
  3. Уверете се дека греачите и брисачите работат добро. За миење на прозорите употребувајте течност за ладно време.
  4. Проверете ги браздите на гумите и нивниот притсок. Користете зимски гуми за зима, но доколку не сте во можност да менувате гуми за различни временски сезони тогаш можете да користите гуми за сите сезони. Не заборавајте зимска опрема (ланци) во автомобилот е задолжителна во зимскиот период!
  5. Доколку маслото и филтерот за масло не ви се променети во препорачаниот период, променете ги. Проверете ги и останатите филтри.
  6. Ако автомобилот страртува тешко или чуствувате слаби перформанси, знајте дека студеното време само ќе ги нагласи проблемите. Пробајте да го сервисирате пред ниските зимски температури
  7. Проверете ги соприачките. Сопирачките се најважен сигурносен систем на автомобилот!
  8. Проверете го издувниот систем на возилото за истекување на јаглерод моноксид, може да биде многу опасно во зимно време возејќи се со затворени прозори. Ова е посебно важно кај постарите автомобили кои што испуштаат повеќе јаглерод моноксид од модерните автомобили.
  9. Проверете дали сите надворешни светла работат и дали фаровите се добро позиционирани.

Совет плус е и да го проверите притисокот на резервната гума. Исто така добро е да носите и лопатка за чистење на мраз и метличка, кабли за стартување, батерија, ќебе, свеќи и кибрит, флаширана вода, пумпа и нормално законски обврзната опрема како прва помош, елек и триаголник.

Моторџиите треба да внимаваат резервоарот за гориво да е барем до половина полн за да се намалат шансите да се формира влага во цревата за гориво и таа да замрзне.

За крај возете внимателно, приспособете ја брзината според условите на патот и почитувајте ги сообраќајните правила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *