Одлични интернет страници кои треба да ги знаете

person-apple-laptop-notebook

Интернетот е место каде може да најдете нешта и страници што ви се потребни и тотално непотребно, но речиси невозможно е да си ги замислиме живототите без интернет и можноста за брз и лесен пристап до милиони информации. А доброто е тоа што постојано се појавуваат интернет места што не сме ги знаеле, а ќе ни понудат нешто ново, забавно или корисно.

  1. you.regettingold.com
    Внесете го датумот на раѓање и интернет страницата ќе ја стави во перспектива историски и светски настани што се случувале на различна возраст.
  2. chordify.net
    Ако учите да свирите некој инструмент и сакате да научите да свирите одредени песни, оваа интернет страница ќе ви помогне со тоа што ќе ви овозможи да свирите заедно со песната.
  3. camelcamelcamel.com
    Сакате да знаете кога цената на некој производ на Amazon ќе се намали? Оваа интернет страница ќе ве извести заваков случај, ќе ви овозможи да ги следите цените на разни производи и да ја видите историјата на менување на цената на еден производ со текот на времето. Сè што треба да направите е да креирате кориснички профил.
  4. asoftmurmur.com
    Поентата на оваа интернет страница зависи од индивидуата, но ако ви треба амбиентални или релаксирачки звуци, да спиење или само уживање, asoftmurmur.com е страницата што треба да ја знаете. Истата нуди звуци што се комбинација од ветер, дожд, птици, грмежи, огништа и друго, чие ниво и интензитет може да ги менувате посебно на секој тип на звук.
  5. manualslib.com
    Ви се случило да го фрлите упатството за нешто, а потоа да сфатите дека ви треба? Оваа интернет страница содржи база од околу 2 милиони упатства, за преку 30.000 брендови на прозводи.
  6. khanacademy.org
    Бесплатна, непрофитабилна (без реклами) можност за проширување на вашето знаење и вештини во повеќе области. Сервисот за споделување на знаење може да го користи секој со кориснички профил, а доброто е тоа што повеќе корисници на Reddit го користат и го препорачуваат.
  7. codepen.io
    Забавувајте се со гравитацијата и збогувајте се со неколку часови од вашиот ден :)
  8. concerthotels.com/got-rhythm
    Оваа интернет страница конечно ќе ви даде одговор на прашањето дали имате чувство за ритам.
  9. sporcle.com
    Одлична интернет страница за трошење време и тестирање на важето знаење на нешта како поп-култура.
  10. documentaryheaven.com
    Богата база на документарни филмови на различни теми, што може да ги гледате бесплатно.

Превеземено од: kajgana.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *