Совети за намалување на сметките за електрична енергија

Речиси е невозможно да го замислиме денот без топла вода, освтлување, телевизија или компјутер. Сите овие погодности ги имаме во домот благодарејќи на електирчната енергија. Бидејќи побарувачката за елкетрична енергија постојано расте, расте и нејзината цена. Секое поскапување на електирчната енергија диркетно преку сметките се одразува на домашниот буџет. Со неколку трикови и разумно користење на електирчната енергија можеме да ги намалиме сметките и да заштедиме.

struja_blog

1. Традиционалните (инкандесент) светилки заменете ги со ЦФЛ или ЛЕД светилки. ЦФл светилките (кај нас народно познати како штедливи) заштедуваат 75% енергија повќе од обичните светилки и траат до 10 пати подолго, а ЛЕД светилките заштедуваат дури 85% повеќе од обичните и животниот век им е до 25 пати подолг од животниот век на традиционалните светилки. На пример една обична светилка од 100 вати ќе потроши електирчна енергија од 1 киловат за само 10 часа додека ЛЕД светилка што ја дава истата светлина како 100 ватна обична светилка троши само 13 вати на час односно 1 киловат час ќе потроши  ако е запалена 76 часа, односно 3 дена и 4 часа. Заштедата на електирчна енергија користејќи ги ЛЕД светилките е огромна.

2. Надворешна изолација и алуминимуски прозори со комори допринесуваат за добра термо изолација на домот. Со добра термо изолација ќе се намали испуштањето на топлината преку ѕидовите и прозорите и со тоа ќе се намали потребата за дополнително загревање на домот.

3. Не држете го ладилнкот отворен повеќе од потребно. Ладилниците работат на тој начин што одржуваат одредена температура, кога вратата од ладилникот ќе се отвори температурата се зголемува и ладилникот повторно ќе почне да работи односно да троши струја за да ја намали температурата до истото ниво на кое што била. Дополнително ќе му помогнете на ладилнкот да работи поефикасно со тоа што ќе ги одстраните наталожувањата од мраз доколку ги има.

4. Еден од најголемите потрошувачи во домот е бојлерот. Доволно е водата во бојлерот да биде загреана до 60 целзиусови степени и редовно чистење на бојлерот и греачот од наталожувања ќе ја подобри неговата енергетска ефикаснот.

5. Кога купувате електрични апарати обрнете внимание истите да трошат помалку електрична енергија. Тоа може лесно да го проверите, само побарајте ја стандардната налепница на која се означени повеќе букви односно А, B, C, D, E, F, G. Најдобро е да го купите уредот на чија налепница е обележана буквата А бидејќи тоа означува дека тие уреди трошат најмалку електирчна енергија. Ознаката А може да ја најдете и со неколку плусеви (А+) односно колку повеќе плусеви толку уредот е поштедлив.

6. Ринглите на шпоретот никогаш не ги вклучувајте празни и гасете ги пред да го тргнете тенџерето. Доколку сте во можност почесто користете експрес лонец. За загревање на вода и храна ако имате микробранова печка најдобро е да  ја искористите неа, бидејќи побрзо и со помалку електрична енергија ќе ја загрее храната. Исто така кога ја употребувате рерната отворајте ја само по потреба бидејќи со секое отворање се намалува температурата во неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *