Како да го зачувате здравјето во канцеларија

officeСедење осум часа, пет дена во неделата пред компјутер може да биде многу штетно за вашето тело. Со мало менување на навиките на работното место, можете да останете во добро физичко здравје.

  1. Одморете го вратот
    Наместете го мониторот така што центарот на екранот би бил во иста висина со очите. Со тоа вратот ќе биде во исправена положба и нема да се затегнуваат мускулите на него, тоа ќе ве ослободи од болките во вратот доколку ги имате.
  2. Одржете правилна положба
    Правилното држење на телото можеби е една од најбитните работи што треба да ги направите за да останете здрави седејќи толку долго време на биро. Правилното држење на телото е есенцијално за вашето целокупно здравје. Држете го грбот исправен и стапалата рамно да подот.
  3. Гледајте настрана
    Звучи едноставно но периодично гледање настрана од мониторот е од голема полза за вашите очи. Константното гледање во монитор е тежок товар за очите и затоа им треба мал одмор. Гледајте настрана од мониторот, најдобро во далечина, по петнаесетина до триесет секунди на секој десет до петнаесет минути за да го зачувате видот.
  4. Станете и прошетајте
    Пет минутно растегнување и проштека прават чуда за вашето тело. Неколку минути подалеку од бирото ќе ги истегне мускулите и ќе го освежи целото тело. Ќе се чувствувате освежени и со повеќе енергија за да ги извршите задачите.
  5. Вежбајте редовно
    Здравата исхрана, одморот и редовното вежбање се основните состојки за здрав живот. Вежбајќи 3-4 пати неделно ќе се почустувате многу посилни и полни со енерегија во текот на целиот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *