Услови и правила за користење на Услуга.мк



Услуга.мк претставува веб именик и пребарувач на услуги кои ги нудат правни и физички лица. Користењето на Услуга.мк е бесплатно за корсиниците и посетителите.

Внесувањето на информациите е автоматизирано преку соодветни електронски онлајн формулари на Услуга.мк. Со внесување и испраќање на информации од страна на корисникот, корисникот и одстапува право на Услуга.мк да ги објави истите информации на самата страна.

Корисникот се обврзува при користење на Услуга.мк да НЕ објавува никакви содржини од трети лица или претпријатија за кои нема овластувања и било какови други материјали или линкови кон материјали кои:

1.1. не се во склад со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност;

1.2. предмет на интелектуална сопственост на трети страни, освен со согласност со носителот на правото;

1.3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на некое надлежно, државно или општинско тело;

1.4.содржи информации за шифрите на други корисници или правата за пристап, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до таквите шифри или права;

1.5. содржат лични податоци во врска со трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;

1.6. повикуваат или содржат елементи на насилство врз лица или животни, понижување на човековото достоинство, закани по животот и физичкиот интегритет на лица или животни;

1.7. прикажуваат несреќи и други сериозни инциденти или кривични дела;

1.8. имаат порнографска или експлицитна содржина;

1.9. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, верувања, политичка припадност, личен или јавен статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било кои други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;

1.10. штетата на добрата репутација, чест или достоинство на трети страни;

1.11. повикуваат на насилна промена на уставниот поредок, извршување злосторство, лично насилство или поттикнуваат расна, етничка или верска омраза;

1.12. прикажуваат и поттикнуваат на однесување кое претставува опасност за заштитата на животната околина;

1.13. содржат информации кои поттикнуваат извршување на терористички активности и други теми поврзани со тероризам;

1.14. ги повредуваат правата на сопственост или легитимните интереси на трети лица;

Доколку такви содржини бидат пронајдени, истите ќе бидат веднаш избришани.

Услуга.мк го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на претпријатие или индивидуалец, како и информации за секоја понуда и услуга со цел да се провери нивната веродостојност. Доколку Услуга.мк смета дека информацијата не е валидна или пак не е во согласност со овие Услови и правила на користење, истата има право да ја избрише.

Услуга.мк има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на Услуга.мк за да: ги известувасвоите клиенти и корисници, да ја подобри услугата и да прави проверка на веродостојноста на дадените податоци. Услуга.мк ќе ги чува личните податоци за корисниците како строго доверливи и нема да бидат откриени на трети лица освен ако тоа не е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи.

Услуга.мк не е одговорна за точноста, веродостојноста и содржината на информациите кои се внесени од страна на корисниците, односно информациите на огласите(профилите) кои се објанвени на Услуга.мк. За точноста, веродостојноста и содржината на информациите кои регистрираните корисници ги даваат за услугата што ја нудат одговараат самите тие лица кои ги внеле информациите. Објавените услуги мораат да бидат во согласност со Законите и регулативите во соодветната дејност во Македонија.

Услуга.мк и било кој од нејзиниот тим не превзема одговорност за настанување на било каква штета поради објавените информации на профилот за услугата на претпријатаието или индивидуалецот.

Услуга.мк го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот на Услуга.мк во секое време, без писмено соопштение ако истиот, според мислењето на Услуга.мк, ги прекршил правилата на користење. Во случај на прекин на регистрацијата, Услуга.мк ќе го избрише креираниот профил на корисникот.

Услуга.мк содржи линкови кон надворешни страници, како социјални мрежи, линкови до други веб страни, како и реклами. Услуга.мк не одговара за содржината на надворешните страни или превзема било каква одговорност за настаната штета при користење на истите.

Услуга.мк го задржува правото на промена на условите со користење на промена или електронски документ. Во таков случај корисниците ќе бидат соодветно известени, односно ќе бидат известени за промена преку објава на Услуга.мк, не подоцна од 7 дена од стапување на сила на промената. Секој регистриран корсник или посетител е согласен со ваквиот начин на известување за промените на Условите и правила за користење.

Услуга.мк го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги за услугите на Услуга.мк без претходно известување.