Корисни вештини кои сите треба да ги поседуваат

skills

 

Сите ние би сакале да имаме одредени вештини за кои никогаш не сме имале време да ги научиме. Еве неколку кои на сите нам ни се потребни а најчесто не ги знаеме.

Менаџирање на време

Кога ќе се напомене менаџирање на време најчесто се мисли дека тоа е корисно само за одредени луѓе кои управуваат со некои големи компании и слично, но ако нешто треба секој студент или работник да го научи во текот на својот живот е тоа како своето лимитирано време корисно да го искористи и да успее да заврши сé што е потребно. На одредени места во светот постојат курсеви за тоа како најдобро и најпаметно да го искористите вашето време но реално најдобро би било доколку оваа вештина сите ние би ја знаеле многу порано.

Вештини за ефективно учење

Ова всушност значи ‘да научиш како се учи’. Менаџирањето на време како вештина, најдобрите учители ја вметнуваат во нивните предавања на часовите, но не секогаш ние знаеме како најдобро да се организираме за да се припремиме за одреден тест, интервју итн. Да се научи како да се запишуваат забелешки, да се прават тестови за проверка и најважно од сé да се запамети она што треба, се неопходни работи кои секој од нас би требало да ги знае.

Како да се припремите за интервју

Најглавната задача на училиштата е тоа како да нé подготват во иднина да работиме и да бидеме продуктивни и успешни, зарем тоа не значи дека подготвување за интервју, припремање на мотивационо писмо и CV треба да бидат дел од образованието? Подготовка за работење треба и мора да се знае што е можно порано затоа што запомнете – компанијата за која работите не е Ваш пријател.

Компјутерски науки

Со сé позастапеното користење на компјутерите тешко е да се поверува дека повеќето од  училиштата во светот не ги учат своите ученици да програмираат. Според некои истражувања 9 од 10 училишта не предаваат компјутерски науки, иако инженерството и програмирањето се едни од најбрзорастечките и најпрофитабилни професии на денешницата. Дури и да не планирате да се занимавате со инженерство или програмирање, да научите како да размислувате како компјутерски инженер е фундаментална вештина од која секој би можел да има бенефит, слично како учење физика или странски јазици.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *